Дваесет годишното искуство во делот на проектирање и сервисирање на системи за ладење, греење, климатизација и топлински пумпи во 2017 година го преточивме во проект наречен ФРИГОТЕРМИКА-ЦЕ ДОО.
Со својот професионален пристап и организација, водејќи сметка за своите клиенти, нивните барања и потреби нудиме проектни, консултативни и сервисни услуги и решенија за системи за ладење, греење, климатизација и топлински пумпи.
Својата посветеност кон заштита на животната средина од штетните емисии на средства за ладење кои користат супстанции кои влијаат на осиромашувањето на озонската обвивка и флуорираните гасови со ефект на стаклена градина ја пренесуваме во нашите проектни, инженериски и консултативни услуги промовирајќи употреба на природни средства за ладење во системите за ладење и топлински пумпи.
Покрај обврските кои произлегуваат од националното законодаство, во нашата работа ги следиме светските трендови, регулативата во Европската Унија и најновите меѓународните и европските стандарди од областа на системите за ладење и топлински пумпи.
Нашите теоретски и практични искуства и знаења успешно ги споделуваме со сервисерите преку обуките, кои согласно верификуваните програми за обука, ги спроведуваме во нашиот центар за обука.
VASIL EFTIMOV
Дипломиран Машински инженер
Предавач во ФРИГОТЕРМИКА-ЦЕ центарот за обука.