ЕДНА ГОДИНА ЗАЕДНО СО ВАС
Го прославивме и првиот роденден на Едукативниот Центар Фриготермика-ЦЕ
ЕДНА ГОДИНА УСПЕШНА ПРИКАЗНА
- Организирани се 8 (осум) обуки за "Сервисер на системи за ладење и топлински пумпи кои содржат флуорирани гасови како средства за ладење"–програма 1
- 28 (дваесет и осум) кандидати успешно ја завршија обуката, и ги добија своите сертификати
- Имавме кандидати од Скопје, Тетово, Кочани, Кичево, Струга, Битола, Прилеп
- Добивме 28 нови пријателства
- Добивме 28 нови деловни соработници
- Организиравме 1 (една) пилот обука за новата програма која ја подготвивме - "Инсталатер на клима уреди и топлински пумпи"
- 4 (четири) кандидати од Скопје и Гостивар успешно ја завршија оваа обука.
Продолжуваме да ги пренесуваме нашите знаења и искуства и понатаму !!!
НОВА ПРОГРАМА !
Имплементација на нова програма во Едукативниот Центар Фриготермика-ЦЕ
ИНСТАЛАТЕР НА КЛИМА УРЕДИ И ТОПЛИНСКИ ПУМПИ
Подготвивме нова програма фокусирана на инсталација на сплит клима уреди и топлински пумпи со капацитет до 16 киловати
Програмaта ќе содржи 5 модули:
- Модул 1: Клима уреди и топлински пумпи – основни информации, поделба, принцип на работа и основни компоненти
- Модул 2: Цевоводи (раздвојливи и нераздвојливи врски)
- Модул 3: Мерки за безбедност и инсталација на клима уред и топлинска пумпа
- Модул 4: Тестирање, поврзување на електрични инсталации, подготовка за пуштање во работа, пуштање во работа и обука на корисникот
- Модул 5: Одржување и сервисирање – најчести предизвици и примери на добра пракса.
Времетраење на обуката 80 часа - 10 часа теорија и 70 часа практична работа
Група максимално до 8 кандидати.
Планиран термин за започнување на обуките - 15 Ноември 2026 !
ИНТЕГРИРАНИ РЕШЕНИЈА ВО ИНЖЕНЕРСТВОТО, КОНСУЛТАНТСТВОТО, ОБУКИ И ТЕХНИЧКА ЕДУКАЦИЈА
Инжинеринг и консалтинг
Тим кои креира решенија
Нашата компанија нуди решенија за ладење, греење, климатизација и топлински пумпи преку изработка на проектна документација, инженериски и консалтинг услуги.
Со години успешно ги исполнуваме барањата на нашите клиенти преку квалитетни термотехнички проектни решенија како на пример за погони за производство на медицински канабис, складишни простори во различни индустриски капацитети, винарии, хотели итн.

Едукација
Тренинг програми
ПРОГРАМА 1
Сервисер на системи за ладење и топлински пумпи кои содржат флуорирани гасови како средство за ладење.
ПРОГРАМА 2
Сервисер на системи за ладење и топлински пумпи кои содржат јаглеводороди како средство за ладење.
ПРОГРАМА 3
Сервисер на системи за ладење и топлински пумпи кои содржат јаглерод диоксид (СО2) како средствоза ладење.
ПРОГРАМА 4
Инсталер на клима уреди и топлински пумпи.
АКТИВНОСТИ
Пријава за обука
Пријавите се во тек за термините во Октомври / Ноември 2026 година !!!!
Обуките започнуваат од 15 Ноември 2026 година !!!!
Ве очекуваме !!!