Нашата компанија нуди решенија за ладење, греење, климатизација и топлински пумпи преку изработка на проектна документација, инженериски и консалтинг услуги.

Со години успешно ги исполнуваме барањата на нашите клиенти преку квалитетни термотехнички проектни решенија како на пример за погони за производство на медицински канабис, складишни простори во различни индустриски капацитети, винарии, хотели итн.

Исто така нудиме пуштање во работа на нови системи и сервисирање на постоечки системи за ладење, греење, климатизација и топлински пумпи кои користат средства за ладење. Задоволството на нашите клиенти и долгогодишната воспоставена соработка е потврда за квалитетот на услугите што го нудиме пред се во делот на сервисирањето и одржувањето на системите за ладење, климатизација и топлнски пумпи во индустриските и производни капацитети, како и кај големите комерцијални објекти.