СЕРВИСЕР НА СИСТЕМИ ЗА ЛАДЕЊЕ И ТОПЛИНСКИ ПУМПИ КОИ СОДРЖАТ ЈАГЛЕРОД ДИОКСИД (СО2) КАКО СРЕДСТВА ЗА ЛАДЕЊЕ

Цели на програмата

Основни цели поставени со оваа програма се:

  • развој на нови и млади стручни кадри кои се недостаток во индустријата.
  • усовршување и унапредување на знаењата на веќе искусните кадри во областа на сервисирањето и одржувањето на разладните, климатизационите уреди и топлински пумпи кои користат јаглерод диоксид (CО2) како средства за ладење.
  • обучување на кадри според барањата на фирмите

Целни групи

Програмата е наменета за надоградување на знаењата и доусовршувањето како што се:

  • невработени со завршено тригодишно средно образование, желба за работа во областа на сервисирањето и одржувањето на разладните, климатизационите уреди и топлински пумпи кои користат јаглерод диоксид (CО2) како средство за ладење (поради зголемената побарувачка на пазарот на трудот).
  • почетници инженери во областа (млади студенти кои сакаат да се усовршуваат во областа на сервисирање и одржување на разладни, климатизациони уреди и топлински пумпи кои користат јаглерод диоксид (CО2) како средства за ладење).
  • техничари, инженери или оператори кои поради побарувачката на индустриите преоѓаат од други оддели во оддел за сервисирање и одржување на разладни, климатизациони уреди и топлински пумпи кои користат јаглерод диоксид (CО2) како средства за ладење.
  • оператори на процес.
  • раководители на процес.
  • инженери за одржување на системи за ладење и топлински пумпи.
  • инженери – проектанти.
  • стручни советници за производство и процеси.
  • работници со завршено тригодишно средно образование на кои им е потребно стручно усовршување во областа.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОГРАМАТА

Програмата содржи 8 модули во времетраење од теоретска настава 70 часа и практична настава 180 часа.

Во текот на дефинирање на насловите и содржината на модулите следен е македонскиот стандард МКС ЕН 13313:2011 (Системи за ладење и топлински пумпи – Компетентност на персоналот) које е идентичен со европскиот стандард ЕN 13313:2010 (Refrigeration systems and heat pumps – Competence of personnel). Исто така при дефинирањето на насловите и содржината на програмата направени се консултации со фирми кои работат во областа опфатена со програмата.

Материјалите кои се користат при спроведување на програмата се подготвени во согласност со насловите и содржините на модулите и се во склад со македонскиот стандард МКС EN ISO 22712:2023 (Системи за ладење и топлински пумпи – Компетентност на персоналот) кој е идентичен со меѓународниот стандард ISO 22712:2023 (Refrigeration systems and heat pumps – Competence of personnel). Овој стандард во мај 2023 година го замени македонскиот стандард  МКС EN 13313:2010 (Системи за ладење и топлински пумпи - Компетентност на персоналот).

За успешно реализирање на наставата определени се координатори на секој од модулите. Координаторите на модулите организираат подготовка на наставни материјали, проследени со Power point презентации како и испитни прашања за проверка на знаењето на слушателите.

Спровдеување на програмата е според следните модули:

Модул 1: ОСНОВИ НА ТЕРМОДИНАМИКА

Модул 2: ВЕНТИЛИ И ЦЕВОВОДИ - РАЗДВОИЛИВИ И НЕРАЗДВОИЛИВИ ВРСКИ

Модул 3: КОМПОНЕНТИ, ТЕСТИРАЊЕ И СЕРВИСИРАЊЕ НА СИСТЕМИТЕ ЗА ЛАДЕЊЕ

Модул 4: КОМПОНЕНТИ, ТЕСТИРАЊЕ И СЕРВИСИРАЊЕ НА СИСТЕМИТЕ ЗА ЛАДЕЊЕ КОИ КОРИСТАТ ЈАГЛЕРОД ДИОКСИД (CO2) КАКО СРЕДСТВО ЗА ЛАДЕЊЕ

Модул 5: СРЕДСТВА ЗА ЛАДЕЊЕ

Модул 6: ЈАГЛЕРОД ДИОКСИД (CO2) КАКО СРЕДСТВО ЗА ЛАДЕЊЕ И МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА СО ЈАГЛЕРОД ДИОКСИД (CO2) СРЕДСТВО ЗА ЛАДЕЊЕ

Модул 7: ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА И СТАНДАРДИ

Модул 8: КОМУНИКАЦИЈА И ПОДГОТОВКА НА ИЗВЕШТАИ

Секој модул ќе се реализира редоследно според предвидениот фонд на часови и во делот на теоретски и практичен дел, после што ќе се изврши проверка на знаењата со предвиден завршен испит.

СЕРТИФИКАТ

Проверка на знаењето се врши по завршувањето на секој модул пооделно во делот на теоријата и преку практична проверка на знаењето.

По завршувањето на сите модули следува завршен испит - теоретски и практичен дел.

Кандидатите, кои успешно ќе ја реализираат програмата и ќе покажат соодветно ниво на знаење на крајниот испит, да добијат сертификат:

"Сервисер на системи за ладење и топлински пумпи кои содржат јаглерод диоксид (CО2) како средства за ладење" според пропишаниот стандард на ЈУ Центар за образовнаие на возрасни.

Релевантноста на програмата за потребите на пазарот на трудот.

Формирањето на програмата со наслов "Сервисер на системи за ладење и топлински пумпи кои содржат јаглерод диоксид (CО2) како средства за ладење" е на барање на индустриите кои секојдневно се соочуваат со недостаток на стручни кадри од областа на сервисирањето и одржувањето  на разладните, климатизационите уреди и топлински пумпи кои користат јаглерод диоксид (CО2) како средства за ладење.

Програмата е верификувана од страна на ЈУ Центар за образование на возрасните со решение за верификација на посебна програма број УП1бр.10-39

https://cov.gov.mk/course

 

ЦЕНА за програмата: XXXXXXX денари

 

 

 

 

 

 

ПРОГРАМА 1

СЕРВИСЕР НА СИСТЕМИ ЗА ЛАДЕЊЕ И ТОПЛИНСКИ ПУМПИ КОИ СОДРЖАТ ФЛУОРИРАНИ ГАСОВИ КАКО СРЕДСТВА ЗА ЛАДЕЊЕ

ПОВЕЌЕ


 

ПРОГРАМА 2

СЕРВИСЕР НА СИСТЕМИ ЗА ЛАДЕЊЕ И ТОПЛИНСКИ ПУМПИ КОИ СОДРЖАТ ЈАГЛЕВОДОРОДИ КАКО СРЕДСТВА ЗА ЛАДЕЊЕ

ПОВЕЌЕ